ENРEMA Компјутери е застапник и дистрибутер на повеќе врвни производители на компјутерска опрема, која се занимава со дистрибуција, инсталација и одржување на периферна, комуникациска и мултимедијална информатичка опрема. Од самиот почеток на своето постоење (1993 год.) ја има стекнато довербата на светски реномираната фирма EPSON и има статус на Овластен Дистрибутер и Сервисен Центар на територијата на Република Македонија. Ефектите на работењето на оваа современа IT компанија рефлектира не само на проширување на палетата на производи, туку и на обезбедување високооперативна профитабилност. Благодарејки на својот професионален и деловно ориентиран пристап, како и на професионалната експертиза на својот стручен тим, компанијата години наназад ја оддржува водечката позиција на ИТ дистрибутер на територија на Република Македонија. Својата деловна позиција и идниот развој и раст, РЕМА го гради врз темели на исклучително познавање на деловниот процес на своите клиенти, и со специфичен приод кон важноста на ИТ технологијата во секојдневните работни процеси. Фирмата е веќе 20 години познат дистрибутер, која што негува фер и коректни односи со своите партнери. Рема компјутери е фирма која работи според строги бизнис принципи, дозволувајќи на своите парнери да се потпираат во нивните понатамошни деловни активности. Добрата логистичка поддршка, во која спаѓа следење на нарачки, брза и навремена испорака на производите, рефлектира со задоволство и лојалност кај клиентите. Од друга страна, посебно внимание се посветува во формирање на амбициозен тим од високоедуциран кадар, кој што секогаш се труди да создаде и одржи доверба во релациите со своите партнери, односно клиентите. Покрај продажбата на квалитетна компјутерска опрема, на нашите партнери им нудиме и овластен сервис за целата програма на EPSON производи, опремен со најсовремени уреди за дијагностика и отстранување на дефектите. Подготвен е да изврши квалитетно сервисирање на сите производи од продажната програма. Нашите сервисери редовно се обучуваат на посебни сервисни школувања, што гарантира темелно и квалитетно сервисирање.
Визија
Нашата визија е Рема компјутери да стане ИТ лидер , и да нуди најдобри ИТ решенија во Македонија и во странство. Добрата позиција на пазарот ја прави оваа компанија да ја реализира својата визија преку интензивната работа со цел проширување на производната палета, постигнување најприфатливи цени, одржување и зголемување на бизнисот на постојните и проектираните пазари, проширување со привлекување нови партнери кои ќе бидат подготвени заедно со нас да ги постигнат заедничките цели за развивање на информатичка опрема со висок квалитет, безбедност и сигурност и со посебно вреднување на професионализмот на секој поединец, коректните меѓучовечки односи и бизнис релациите. РЕМА компјутери покрива различни сектори и различни големини на претпријатија - од мали и големи компании, до владини институции и јавни претпријатија, обезбедување на производи од најдобрите светски брендови, со цел исполнување на клиентските барања за целосни ИТ решенија.
Мисија
Нашата мисија е да обезбедиме на пазарот светски признати производи, иновативни решенија и беспрекорни услуги за електронски бизнис преку вистински партнерства со независни компјутерски фирми. Исто така доста важно е за нас да се задржи позитивниот и континуиран раст на компанијата, со примена на високи меѓународни стандарди, следејќи ги современите технологии и трендови дадени од страна на меѓународни компании. Посебна грижа и внимание се посветува на потребите на дилерите: консултантски услуги, дизајн, развој, интеграција, распоредување и услуги за одржување, што ја прави оваа компанија попросперитетна и поконкурентена. РЕМА компјутери постојано создава вредности што позитивно ќе се рефлектираат на квалитетот на производите како и континуирано создавање натпреварувачка работна атмосфера и добра перспектива за развој на работните кариери на вработените.
Стратегија
Како главна долгорочна стратегија на РЕМА Компјутери е одржување на задоволството и лојалноста кај дилерите на највисоко ниво. РЕМА Компјутери е исто така позната како надлежна компанија која е во состојба да ги спроведе дури и најсовремените ИТ системи. Ги воспоставивме стандардите на квалитет и ги дефиниравме полињата на развоен предизвик на нашата компанија, преку поставување на истите и прераснавме во најдоверлив партнер на сите наши купувачи и пријатели. При тоа:
Address
![]() | Rema computers |
![]() | str. „Kosta Novakovik“ no.8 |
![]() | 1000 Skopje - Macedonia |
Contact
![]() | +389 2 55 11 305 |
![]() | +389 2 55 11 306 |
![]() | +389 2 3 118 159 Локал 110 |
![]() | info@rema.com.mk |
Follow us
Copyright ©2013 Rema Computers All Rights Reserved. Developed by VIRGO Company